пребарување

вести, 18. февруари 2015

Владимир Поповиќ нов CEO на Сага

Горан Ѓаковиќ, претседател и Игор Павлица, генерален директор на Сага, од 18-ти фебруари 2015 година преминаа на функција Советник на генералниот директор како членови на надзорниот орган на Сага. Оперативното управување го превзема Владимир Поповиќ како CEO.

Владимир Поповиќ е роден 1973-та година во Белград, каде завршил Математичка гимназија. Дипломирал на ЕТФ 1997-ма година. Владимир има повеќе од 17 години искуство во мегународната ИТ индустрија.На компанијата New Frontier Group, чија членка е и Сага, се приклушува во мај 2012-та година каде работи на позиција директор за продажба во NFG grupe. Од 1-ви август 2014-та година беше на позиција узвршен директор за продажба во Сага. Женет е и татко на две деца. Зборува српски, англиски и германски јазик.

"Кога поќнувавме со работа пред 25 години, сакавме да направиме сериозна, стабилна и најуспешна ИТ компанија во Србија, во што без сомнеж успеавме. За успешен развој на секоја компанија неопходно е таа константно да се менува, прилагодува на трендовите на пазарот и да се надополнува со нови луѓе. Во Поповиќ гледаме сила која ќе ја води Сага кон 50-тиот роденден како најголема и најуспешна компанија во регионот." – изјави Горан Ѓаковиќ, советник на генералниот директор.

"Извршувајќи ја функцијата директор за продажба, Поповиќ покажа дека ги дели нашите амбиции што се однесува до работењето на Сага и не само што ќе ја одржи, туку и ќе ја зацврсти лидерската позиција на Сага која беше стекната во тек на 25-те години работење.Поради тоа имаме целосна доверба во способностите на Поповиќефикасно да раководи со Сага " – беа зборовите на Игор Павлица, , советник на генералниот директор, по поставувањето на Владимир Поповиќ на новата должност.

Back to: вести