пребарување

iBanking - Спремни за
интелигентно банкарство

Време е за Banking Online решение, кое одговара на потребите на Вашиот бизнис и маркетинг

iBanking - Спремни за интелигентно банкарство

iBanking решението е персонализиран портал кој нуди подобрено и прилагодено корисничко искуство.

Прикажувањето на информациите се прилагодува на она што корисникот сака да го види, во која корисничка група припаѓа и од која платформа.

Корисниците кои го пробале iBanking, не сакаат повторно да се вратат на традиционалното електронско банкарство.

iBanking е едноставно, исплатливо и ефикасно решение на електронското банкарство за физички и правни лица, кое ги зема во предвид потребите на корисникот  да комуницира со банката  преку сите расположливи канали ( интернет, контакт центар, IVR, SMS, tablet, smartphone ...). iBanking е нов интерактивен  BankingOnline портал со голема флексибилност и високо ниво на безбедност, базиран на Microsoft технологијата (.NET 4.0 and SQL Server 2008 R2). Освен унапредените финансиски модули и интеграцијата со хетерогените системи, iBanking овозможува собирање и анализа на податоците заради квалитетно известување и негова примена во маркетинг кампањите.

Лидери во иновацијата

iBanking решението се наоѓа на пазарот од 2000. година и е развиено согласно барањата на голем број на клиенти. Следејки ги модерните трендови во банкарството, на пазарот најчесто ние премиерно сме ги имплементирале иновативните функционалности ( SMS известување,  one-time-password решение, трување со хартии од вредност, логирање со лична карта, лични финансии, итерактивен графички приказ на податоците...). Освен што се олеснува пристапот до информациите, големо внимание се посветува на можноста за нивно ажурирање, како и за дизајнирање на интуитивен кориснички интерфејс, кој се надоврзува на досегашните искуства на корисниците. Така е добиен iBanking порталот на новата генерација. iBanking овозможува континуирано извршување и следење на вообичаените финансиски операции и потребните извештаи, на Web 2.0 платформата. Преку систем од додатоци (widget-и) се овозможува управување на различни групи на податоци од областа на банкарските услуги и производи.