пребарување

iBanking - Спремни за
интелигентно банкарство

Време е за Banking Online решение, кое одговара на потребите на Вашиот бизнис и маркетинг

KОРИСНИЧКИ ИСКУСТВА

„Со функционално и визуелно унапредени форми, двонасочна комуникација, мултимедија... iBanking еволуираше во апликација со голем потенцијал. Со флексибилниот концепт, апликацијата овозможува различни сервиси и продажни можности кои се во чекор со светските трендови. Очекуваме нашите корисници да ја доживеат новата апликација како современо решение за своето финансиско работење. Ова решение, во споредба со другите решенија кои ги разгледувавме, беше најприлагодливо на нашите потреби кои ги имаме како банка, како во смисол на атрактивноста на решението за корисниците, можноста оваа апликација да ја претвориме во вистински канал за продажба на нашите производи, така и во смисол на иден развој на ИТ технологии и нивна примена. Со овој концепт како и со стратегијата за развој на апликацијата не очекуваме во некој момент во иднина да се најдеме во ситуација да треба да ја менуваме апликацијата поради застареност.“

Саша Билановиќ, Раководител на одделот за електронски канали за продажба, Рајфајзен банка

„По внимателна анализа на eBanking производите на пазарот, Banca Intesa согледа дека прогресивниот пристап на iBanking решението може да и помогне на банката да достигне високо ниво на задоволство на корисниците со користење на алтернативни канали за пристап на финансиските информации. Од друга страна, iBanking и овозможува на банката да по прв пат навистина има се што е потребно за самостојно креирање на финансиски портал. iBanking решението исто така ќе и помогне на нашата банка брзо да се прилагодува на промените кои се случуваат во банкарскиотт сектор.”

Зорана Бранковиќ, Раководител на одделот e-service, Banca Intesa

“Societe Generale банката реши од постоечкото корпортивно eBanking решение да премине на новиот iBanking систем, за да им понуди на своите корпоративни клиенти проширени функционалности. Со тоа на клиентите им овозможи да користат едноставен и лесен за употреба интерфејс, со напредни опции кои мора да ги има секој сервис за електронско банкарство. Со имплементација на iBanking решението, нашата банка ќе отвори нови видови на комуникација со корпоративните клиенти на кои тоа ќе им биде од голема помош во секојдневното работење со банката.”

Дејан Глешчиќ, извршен директор, стратешки развој и маркетинг, Societe Generalе

“АИК банката внимателно ги следи трендовите и го знае начинот за подобрување на задоволството на клиентите – нудејќи ги банкарските услуги преку различни канали. Сопствениците на сметки во нашата банка сакаат да бидат во состојба да управуваат со своите финансии како со посети на филијалите така и далечински преку различни мобилни уреди. Со новите iBanking и mBanking решенија, ние сме одговоривме на барањата на нањите корисници, нудејќи им апликации прилагодени на секој поединечен корисник со унапредени сервиси и можмост за користење на најсовремени технологии.”

Игор Пивалица, Извршен директор, оддел за нови банкарски технологии и управување, АИК банка