пребарување

iBanking - Спремни за
интелигентно банкарство

Време е за Banking Online решение, кое одговара на потребите на Вашиот бизнис и маркетинг

линк што недостасува

Во приватниот живот често сме дел од виртуелниот свет во кој се дружиме, комуницираме, соработуваме.. Споделуваме интересни мултимедијални содржини кои се одбрани за нас врз основа на нашите интереси и определби. Користиме разни уреди кои се едноставни за учење и лесни за користење бидејќи се насочени кон корисникот. Чувството е одлично. Но, од друга страна, имаме сосема поинаква перцепција кога комуницираме со компаниите на интернет.

„Големото ИТ“ во компаниите се грижи за внатрешното гледање на начинот на работење. Главна задача е оптимизација на интерните процеси. Дури и корисничкиот интерфејс е дизајниран да ја следи логиката на интерните процеси и не ги зема доволно во предвид потребите и доживувањето на корисниците за истиот.

Кои се основните барања и на кој начин може да се поврзат овие два света? На пазарот постојат многу решенија за компаниите на кои тоа им е потребно, но постои ли алката која недостасува? Можеме ли на вистински начин да ги поврземе овие два света?

Основна карактеристика на нашиот виртуелен свет денес е друштвеност, отвореност, колаборација, транспарентност и желба за споделување. Од друга страна, светот на големите претпријатија е скоро мистично затворен, заштитен и само навистина мал дел од корпоративните апликации се претставува на селектирани клиенти, вообичаено преку веб интерфејс.

Постојат пет основни барања:

  1. Да се обезбеди извонредно корисничко искуство (user experience)

  2. Да се овозможи сигурен простор за колаборација

  3. Да се обезбеди управување со знаењето (knowledge management)

  4. Унапредување на продажбата

  5. Вклучување на вработените / гејмификација