пребарување

iBanking - Спремни за
интелигентно банкарство

Време е за Banking Online решение, кое одговара на потребите на Вашиот бизнис и маркетинг

листа на функции

Интелигентно управување со содржината

► Базиран на CMS и портал принципите: овозможува создавање на корисничкиот дизајн, независно од развојниот тим.  На овој начин можно е да се измени изгледот на апликацијата кога и да е  потребно ( прослави, јубилеи, промоции, маркетинг кампањи...).

► Поддршката за сегментација на корисниците, овозможува целни маркетинг/продажни кампањи, интегрирани со CRM.

► Contact Centаr Ready: му овозможува на агентот од контакт центарот да ја користи iBanking апликацијата за преглед на сите податоци кои ги нуди.

Интерактивност – затоа што тоа е суштината на Web 2.0 концептот

► Комуникацијата помеѓу додатоците (widget-ите) овозможува интерактивност и измена само на одредени делови на екранот, без притоа да мора да се вчитува целата страна.

► Интерактивен графички приказ на податоците во реално време.

► On-line demo-системот им дава можност на клиентите да ја испробаат функционалноста.

► Интеграција со социјалните мрежи (Twitter, Facebook).

► Интеграцијата со YouTube сервисот овозможува помош преку видео содржина.

Интуитивен – затоа што вашите корисници тоа го очекуваат

► Интуитивно плаќање со еден клик:  новиот систем овозможува избор на шаблони и внесување на износот  уште на првиот екран. Сите финансиски трансакции  можат да се извршуваат на ист, едноставен начин ( Трансфер, Менувачница, Подмирување на долгови по картички, Подмирување на рати на кредит).

► Личните финансии овозможуваат полесна, побрза и подобра од кога и да е класификација и следење на трошењето. Дозволено е и креирање правила

► Локатор на банкомати и филијали: поддршка преку мобилната апликација на уредите со GPS.

Технолошки супериорен – затоа што банкарското работење тоа го бара

► Целосна поддршка за модерното мобилно банкарство: WAP 2.0 пребарувачи и самостојни апликации за IOS, Android, Windows Phone, Blackberry, Symbian.

► Независност од пребарувачите: IE, Firefox, Chrome, Safari, Opera, Webkit, Opera Mini.

► Поддршка за повеќејазичност без потреба за повторно најавување, додека сте на истата страна.

► Вградено следење на системот преку Microsoft System Center Operation Manager.

► Напредниот модул за анализа на системот е интегриран во Excel Pivot табелите и овозможува лесно креирање на извештаи и следење на користењето.

► Работата  со сертификати е поддржана преку потпишаниот Java applet ( од страна на Thawte).

► Логирање со лична карта.

Сигурен – бидејки компромиси во оваа област се неприфатливи

► Безбедносна ревизија: ангажиравме независна компанија која ја тестираше сигурноста на платформата и нејзините финансиски функционалности.

► Заштитата на трансакциите е обезбедена преку напредни механизми:

  • Дигитално потпишување на секоја трансакција.
  • Криптирање на трансакциите.
  • Проверка на овластувањата за извршување на трансакциите.