Brainpower - едноставна соработка во рамки на претпријатието

Моќна и иновативна платформа за соработка во рамки на претпријатието развиена на Microsoft® Sharepoint®

Унапредувањето
на начинот на
начинот на
работа на
вработените,
до сега не било
така... друштвено!

Ја подобрува вашата интерна соработка, oвозможува единственост на продажбата и продажниот тим, нуди алатки за управување со знаењето, ја зголемува продуктивноста. Сето тоа...додека вработените уживаат во работата!

Интерни портали: што недостасува?

Интерните портали вообичаено имаат една заедничка карактеристика: вработените не сакаат да ги користат. Се сложуваме дека работата не може секогаш да биде забавна, но продуктивноста директно зависи од нивото на ангажираност на вработените во целиот процес. Благодарение на корисничките услуги и средствата како Фејсбук, Gmail, iPhone - вашите вработени сега знаат дека ИТ не мора да биде сложено за користење. Јасно е дека постои алка што недостасува помеѓу интерните деловни процеси и едноставната интеракција на луѓето со нив.

Ослободување на силата на социјалните медиуми

Brainpower во големите претпријатија се бави со проблемот на „алката што недостига“, со ангажирање и оспособување на вработените - наместо да ги тера да ги користат. Тие може меѓусебно да се поврзуваат и да собираат Brainpower поени врз основа на кои може да добијат награда и признание.

Заедниците и соработката сега оживуваат

Покрај долгогодишното искуство кое го имаме во креирање на заедници и оживување на соработката внатре во претпријатието, нудиме консалтинг и прилагодување кое нуди повеќе отколку само брендирање и избор на функции. Со внимателно планирање и извршување, вашите вработени ќе добијат причина да се поврзуваат, да учествуваат и да дадат свој придонес, со истовремена ускладеност на нивните активности со целите и севкупната стратегија на вашата компанија.

<col style="width: 434pt;" width="578"></col>
Интерни портали: што недостасува?