Discourse - сосема ново ниво на соработка со клиентите

Discourse осмисли нов вид на соработка помеѓу Вас и Вашите клиенти/партнери. Се работи за комуникациски канал за продажба, подршка и испорака на проекти.Тој е активен во реално време. Тој е компаниски. Тој е друштвен.Тој е и мобилен.

Променете го начинот на соработка со клиентите

Discourse Ви овозможува на неверојатно лесен начин да ги вклучите своите клиенти во различните заеднички професионални процеси. Овој производ го забрзува прибирањето на повратните информации, управувањето со бизнис можностите и се труди да нема недоразбирања во текот на проектот. Исто така... овозможува Вашите клиенти да се чуствуваат посебни.

Сосема ново ниво на соработка со клиентите.

Постојат многу алати кои овозможуваат интерни работни простори, додека CRM системите тврдат дека можат да Ви помогнат да ги вклучите  своите клиенти. Двата система имаат своја намена, но тие се сместени зад компанискиот firewall и тие всушност не допираат до клиентите. Тие ги следат и им помагаат во интерната соработка. Но комуникацијата со клиентите и понатаму се врши преку e-mail или телефон. Од таа причина го креиравме Discourse:  online услуга која е едноставна  за користење, која го премостува јазот помеѓу Вас и Вашите клиенти! Discourse вистинските личности ги информира, ја поедноставува комуникацијата и следењето на бизнис можностите и овозможува Вашите клиенти да се чувствуваат во центарот на Вашето внимание.

Како функционира?

Не мора да читате прирачник за да почнете со користење на Discourse! Набргу ќе креирате продажна можност или работен простор за проект и ќе го користите за интерно управување со задачите, делењето на документи и контролата на статусот. Освен тоа можете да ги поврзете своите клиенти или екстерни партнери на Вашиот работен простор! Тие ке можат да го видат ажурирањето на статусот, задачите и документите кои ги делите со нив. Тоа не е се - на секоја порака на работниот простор може да одговорите на  e-mail. Тој e-mail ние автоматски ќе го прикачиме на Вашиот работен простор.