пребарување

Телекомуникации

Сага има реализирано телекомуникациски и инфраструктурни решенија од витално значење на национално ниво.

Освен големите проекти чие значење може да се согледа преку унапредување на телекомуникациите на целата територија во Р.Србија (круцијални инфраструктурни проекти за националниот оператор Телеком Србија, Електростопанство на Србија, Нафтена Индустрија на Србија, Аеродромот Никола Тесла во Белград и многу други), Сага посебно е горда со изградбата на меѓународни ЕУ мрежи.

Од широкиот дијапазон на имплементирани решенија, посебно се издвојуваат многубројните имплементации на LAN и WAN мрежни инфраструктури,  VoIP и Security решенија за средни и големи компании и во рамките на банкарскиот систем, државната управа и јавните претпријатија. Мрежните решенија Сага ги реализира во соработка со водечките светски производители на мрежна опрема - Cisco Systems и Juniper Networks, со кои остварува партнерства од највисок ранг (Cisco Gold Partner и Juniper Elite Partner). Содржајната референтна листа  и од  Enterprise и Telco/Carrier на пазарот гарантираат квалитетна услуга и задоволство на корисниците.

Сага нуди комплетни мрежни решенија кои опфаќаат и инсталација на пасивна мрежна опрема со користење на бакарни и фибероптички компоненти од последната генерација. Вградените неколку стотини километри кабли и повеќе десетици илјади конекции се најдобар доказ за квалитетот на нашите LAN решенија, со што Сага ја вбројуваат во самиот врв на пазарот. Наши партнери од областа на структурното каблирање се: Brand-Rex, Schrack и Conteg, додека лиценци за вградување на опремата поседуваме од следните компании: Kerpen, Panduit, Krone и Legrand. Исто така, Сага поседува и специјална лиценца CABITA - стандард од областа на кабловската инфраструктура за територијата на Австрија.

Високостручниот и обучен инженерски и технички кадар кој будно ги прати европските и светските стандарди, гарантира професионално поставување на системите, но и presales и  postsales услуги на крајниот корисник. Освен изградба и пуштање во работа на мрежни решенија, Сага може да понуди и услуги како што се техничка поддршка, изработка на техничка документација, проектирање и консалтинг за различни мрежни системи.

Во Секторот за професионални сервиси во телекомуникациите Сага вработува над 55 сертифицирани инженери и техничари кои поседуваат:

  • "Cisco сертификати (CCIE, CCNP, CCVP, CCIP, CCSP, CCNA, специјализации wireless и security) - имаме најголем број Cisco сертифицирани професионалци во Србија
  • Juniper сертификати (JNCIP-SP, JNCIS-SP, JNCIS-ENT, JNCIS-SEC, JNCIA) 
  • Лиценци за одговорни проектанти и изведувачи на работи (лиценцирани од инженерската комора на Србија)
  • Лиценци за овластени проектанти (лиценцирани во Домот на инженери и техничари на Србија)"

Нашите најзначајни мрежни решенија се:

  • "реализација на првиот столб на Интернетот во Србија и првата мултисервисна Интернет мрежа SMIN (Serbian Multiservice Internet Network)
  • реализација на националното IP/MPLS јадро на мрежи и IGW (Internet Gateway) излези на меѓународниот Интернет за Телеком Србија 
  • изградба на IGW решенија за мобилниот оператор Теленор (Србија) 
  • реализација на градските мрежи MAN од Телеком Србија (Metropolian Area Network) во четири најголеми градови во Србија 
  • надоградба на  мрежата на Електростопанство на Србија (EPS) и изградба на мрежата за надзор на системите на EPS (Србија) 
  • дигитализација на телевизијата во Србија на национално ниво 
  • изградба на мрежата на Аеродромот ""Никола Тесла"" (Белград, Србија) 
  • изградба на мрежниот систем во паметната зграда B2 на Балканска 2 (Белград, Србија) 
  • изградба на мрежа на деловниот објект MPC Ušće (Белград, Србија) 
  • изградба на комплетно решение за EFG банка (Белград, Србија) 
  • реализација на мрежа за потребите за Универзијадата Белград 2009 
  • решение за VoIP комуникации за Нафтената индустрија на Србија 
  • структурно каблирање за Unicredit банка (Белград, Србија)"

Kontakt:
тел/факс: +389 (0) 2 32 22 554
e-mail: info@saga.mk