пребарување

Историја

Профил на компанијата

Претпријатието Сага MK e основано во 2009, со седиште во Скопје. Тековно Сага МК ги покрива секторите телекомуникации, финансии, производствен и јавен сектор. Во изминатиот период остварени се партнерски односи со повеќе врвни компании во областа на информациската технологија како што се ЕМС, Oracle, Hewlett-Packard, Cisco Systems, Microsoft, Fujitsu Technology Solutions...

Во секоја компанија информатичките технологии се клуч за зголемување на профитот, а Сага МК е тука да помогне бидејќи разбира што сё тие можат да направат. Резултатот од одреден проект се разгледува од аспект на мерливото зголемување на продуктивноста и профитабилноста. Сага МК нуди комплетни решенија во согласност со потребите на клиентот. Планира, проектира и оспособува системи за управување со податоци и нивно складирање. Нуди консалтинг услуги и софтверски и хардверски решенија.

Тимот на инженери и бизнис консултанти на Сага нуди соодветни решенија и одговори на потребите на клиентите во областа на апликациите и middleware софтверот, вклучувајќи и одржување на активна и пасивна мрежна опрема. Искусниот кадар се грижи проектите да се реализираат навремено и во рамките на предвидениот буџет.

Репрезентативни клиенти

Т-Мобиле Македонија, Македонски Телеком, ПроКредит Банка, Министерство за внатрешни работи на РМ, Универзитет Св. Кирил и Методиј, ЕЛЕМ, Министерство за образование и наука, Дирекција за заштита на лични податоци, Министерство за правда на РМ, ЕВН Македонија, ВИП Оператор, Комерцијална Банка, Медицински факултет - Скопје...

Приватната компанија Сага е основана  во 1989 година во Белград. Делувањето на компанијата на почетокот е фокусирано на инженеринг на компјутерски мрежи и производство на персонални компјутери.

Оттогаш во Сага постојат сектори за мрежа, производство, продажба и набавка. Во 1993 година основана е првата компанија-ќерка на Сага, Saga Infotech, чија дејност пред сѐ е проектирање и развој на бизнис-информатички системи, консултантски услуги и интеграција на сложени хардверско-софтверски системи.Сега е најголемиот Oracle партнер во Србија.

Во 1996 година потпишан е договор со Sun Microsystems (кој сега е дел од Oracle корпорацијата). Тоа ја зацврстува нашата позиција како систем интегратор. Денес Сага е Channel Partner, а поседува и „Sun Partner Advantage“  и  „Sun ServicePro“ статуси. Истата година Сага склучува партнерство со компанијата Bay Networks која од 1999 година е во составот на Nortel. Со Compaq, тогаш најголемиот светски производител на персонални компјутери базирани на MS Windows/Intel платформа и  еден од водечките производители на сервери, во 1997 година склучуваме уште еден, за нас многу значаен договор. Compaq се соединува со Hewlett Packard од 2002 и оттогаш егсистираат под името  Hewlett Packard. Истата година склучивме партнерство со компанијата Lucent Technologies (кои се соединија со компанијата Alcatel во 2006 година), од која во 1999 година се одвојува Avaya Communications, со која исто така имаме договор. Секторот за интеграција на компјутерска телефонија (Computer Telephony Integration – CTI/IVR) основан е во 1998 година, а од 2002 работи под името Сектор за електронско работење и со своите производи за eBanking зазема околу 40% од пазарот. Во 2000 година Сага ја превзема компанијата ComNET, која е специјализирана за телекомуникациски мрежи и со тоа ги зацврстува своите позиции и способности на пазарот. Денес Сага е најголем партнер на Телеком Србија во делот на мрежи на новата генерација.

Во 2001 година е склучено партнерство со Cisco Systems, лидер во производство на мрежна опрема и услуги. Сега сме еден од најголемите локални Cisco партнери, со најголем број Cisco сертифицирани партнери. Истата година стануваме и сертифициран партнер на Microsoft, а денес сме нивен најголем партнер во Србија, со статус Large Account Reseller.

Со компанијата Телеком Србија, во 2002 година Сага постигнува договор за најважното инфраструктурно решение за националниот проект SMIN мрежи  (Serbian Multiservice Internet Network, односно Српска повеќенаменска интернет мрежа). Стотици километри кабли и над 20.000 поставени конекциски позиции низ Србија обезбедуваат квалитетна инфраструктура за развој на интернет мрежата. Две години подоцна, паралелно со имплементација на хардверот, по повеќегодишна успешна соработка со Microsoft, Сага стана Gold Partner на MIcrosoft. За потребите на Телеком Црна Гора, по успешно инсталираната SMIN мрежа, во март 2003 година Сага почнува со проектот имплементација на нова мултисервисна мрежа за пренос на податоци, чие проектно име е  MIPNet (Montenegrin IP Network). Цел на активностите опфатени со овој проект е реализација на сигурна, скалабилна IP мрежа базирана на MPLS протокол која ќе овозможи имплементација на широка лепеза сервиси, како што се: VPN, VoIP, Video on Demand, Remote Learning...

Истиот месец Сага се промовираше во Cisco Premier Partner. Во 2004 година склучува партнерство со компанијата Hitachi Data Systems. Во 2005 година Сага склучува партнерство со компаниите  Fujitsu-Siemens Computers (сегашен Fujitsu Technology Solutions) и Interactive Intelligence. Во ноември истата година Сага добива Европска награда за банкарство (European Banking Technology Award) за најдобро решение во областа на системи за клиринг и порамнувања. Решението е применливо и на други облици на меѓународен клиринг, а не само на клиринг чекови. Од 20.06.2006 година Сага е сертифицирана според стандардот ISO 9001 за областите: проектирање на системи, реализација на решенија, изведување на услуги, испорака на опрема и техничка поддршка во областите на информациско-комуникациските технологии.

Своето ширење во регионот Сага го започнува со отворање претставништва во Црна Гора и Република Српска во 2007 година, со канцеларии во Подгорица и Бања Лука. Во 2008 година станува Cisco Silver Certified, додека на  9.02.2009 година се промовира во Cisco Gold Certified Partner. Два дена подоцна, на 11.02.2009 година Сага отвора претставништво во Македонија. Во втората половина од март, Сага е ре-сертифицирана според ISO 9001:2008 стандардот. Во јуни станува thawte партнер. Почнувајќи од декември 2009 година, Сага се придружува кон New Frontier Holding GmbH, кој го превзема мнозинскиот пакет од сопственоста, а воедно станува и стратешки партнер, при што Сага станува шеста членка на  New Frontier Group.