пребарување

Визија на нашата иднина

Мисија

Информациските технологии го менуваат начинот на кој живееме, учиме, работиме и се забавуваме.

Себеси се гледаме како компанија која е најдобар партнер, како на глобалните лидери кои развиваат информациски технологии, така и на бизнис системите во непосредното окружување. Нашите желби се сега и во иднина, на полето на развојот, примена и интеграција на бизнис решенијата, преку примена на најнапредните информациски технологии, на нашите клиенти да им овозможиме успешен раст и остварување на нивните бизнис планови.

Визија

Се трудиме да бидеме иновативна компанија, континуирано фокусирана на решавање проблеми од новата генерација корисници на нашите IT решенија. Ја обликуваме иднината во областа на ICT решенијата креирајќи вредности и шанси за нашите клиенти, вработени, инвеститори и партнери.

Сакаме да бидеме лидери во креирање и развој на најнапредните решенија кои ги предводат напредните информациски технологии на нашите глобални партнери во вредности за локални бизнис субјекти преку нашите професионални решенија и услуги. Желба на компанијата е да даде придонес во успехот и задоволството на своите клиенти преку подобрување на квалитетот и управувањето со сопствениот бизнис, додека на акционерите да им овозможи дополнителна вредност.

За потребите на корисниците на услугите, вработените, инвеститорите и своите партнери, компанијата ги насочува своите сили кон виртуелизација, автоматизација и оптимизација на системските решенија во правец на интеграција со сите системи кои се дел од глобалната компјутерска мрежа.